Кинеските власти потврдија дека исчезнатиот шеф на Интерпол, кинескиот државјанин Менг Хонгвеи е приведен. Тој се наоѓа под истрага на државното антикорупциско тело, поради кршење на законот, но не е познато за што кокретно се работи.
Менг, кој во Кина ја врши и функцијата заменик министер за јавна безбедност, беше пријавен за исчезнат откако на 25 септември го напуштил седиштето на Интерпол во францускиот град Лион и заминал во татковината. Кинескиот политичар ја раководи меѓународната криминалистичка полициска организација од 2016 година.
Неговата сопруга Грејс кажа дека верува дека тој се наоѓа во опасност, откако по телефон од него примила предупредувачки пораки.
Ми прати емотикон во вид на нож, што означуваше дека е во опасност, изјави Грејс Менг.