Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Јонг Хо ќе ја посети Москва во наредната недела и ќе се сретне со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, изјавила денеска портпаролката на руското МНР, Мрија Захарова.
Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи и кључните меѓународни и регионални прашања со специјален фокус на ситуацијата на Корејскиот полуостров, рекла Захарова.
Русија минатата недела соопшти дека работи на организирање на средби во Москва поврзани со прашањето за Северна Кореја, но не наведе детали.
Раководството на Северна Кореа ја интензивира меѓународната дипломатија, откако пред една недела севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун беше во повеќедневна посета на Кина, што е негова прва официјална посета на странска држава откако ја презеде функцијата во 2011 година