Шега која ги налути Грците: „Поранешна Европска Република Грција“

Шега која ги налути Грците: „Поранешна Европска Република Грција“

ФЕРОГ, односно Former European Republic of Greece е новата кратенка која словенечкиот дневен весник Finance ѝ ја додели на Грција, очигледно упатувајќи на спорот со името на Македонија и кратенката ФИРОМ, шегувајќи се на сметка на Грците.

Во долгата анализа која го носи насловот „Збогум Грција?“, Finance ја напиша шеговитата кратенка на позадина со грчкото знаме, алудирајќи на референцата ФИРОМ која Грција ја наметна на нашата земја со непризнавањето на нашето уставно име.

Шега која ги налути Грците: „Поранешна Европска Република Грција“
Шега која ги налути Грците: „Поранешна Европска Република Грција“

Во Грција шегата не беше добро прифатена, со оглед на тоа што грчките медиуми ја пренесоа веста за насловната страна на Finance, објаснувајќи дека Словенците алудираат на спорот за името.

ferog1

Инаку, Словенија и Грција веќе извесно време не се во добри односи, од причина што Словенците сметаат дека Грците ја искористуваат својата привилегирана положба во Европската унија на сметка на другите земји членки кои редовно ги исплаќаат своите долгови. Во јуни Словенија побара од Грција воспоставување на резервен план за излез од еврозоната.