Сега почетните позиции на Бугарија се тоа што го кажа Заев во интервјуто

„Легитимитетот на Заев не произлегува од неговиот ренесансен ум, ниту од неговата партија. Туку произлегува од пратениците“, нагласи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова при своето гостување на „Што не е јасно“.

Силјановска Давкова посочи дека наместо Заев да ги имитира бугарските политичари и да побара лидерска средба, да информира што се бараат Бугарите, тој молчи.

„Премиерот замислете небаре е крал или цар, изјавува дека не сака да влезе во кавга со лидерот на најголемата опозициска партија. Оти тоа ќе му наштети на неговите клучни разговори и преговори со Бугарија“, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека Заев единствено нанесе големи непоправливи штети врз Република Македонија.

„Бугарите нема да отстапат од гаранциите од премиерот. Сега почетните позиции наши не се нашите, туку се она што го кажа премиерот Заев. Нема во меѓународните односи дека можеби згрешил, можеби не ги употребил вистинските зборови, нема. Тоа е нешто што е потврдено и гарантирано за жал“, рече Силјановска Давкова.