Сеизмолошката опсерваторија ја потврди магнитудата од 5 степени, епицентарот повторно во охридско

Земојтресот се случи во 13 часот и 18 минута и бил со Рихтерова магнитуда 5,0, чиј епицентар се наоѓа на 10 километри осточно од Охрид, потвиди во понеделникот сеизмолошката опсерваторија, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Податоци за материјлни штети се уште не се пријавени.

Според досегашните податоци земјотресот е почувствувн во епицентралното подрачје со интензитет од VII-VIII степени според Европската макросеизмичка скала.

Со помали интензитети, земјотресот е почувствуван на цела територија на Република Македнија и околните земји. Според јавувањата на граѓаните, земотресот интензивно е почувствуван и во Скопје, особено на повисоките катови.

Претходно ноќта кон понеделникот во 3,54 часот земјотрес со магнитуда од 3,7 степени по Рихтеровата скала повторно беше регистриран во охридското епицентрално подрачје.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот бил 6 километри источно од Охрид на длабочина од 6 километри.

Најсилниот земјотрес во Oхридско е почуствуван во недеката претпладне вноќтао 11,39 часот со магнидута од 3,9 степени по Рихеровата скала, со епицентар седум километри северозападно од Ресен, на длабочина од пет километри во земјината кора.

Од 18 јуни до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето беа слаби, со Рихтерова магнитутреда од еден и два степена.