Сеизмолозите предупредуваат на можни нови силни потреси во Калифорнија

Жителите на американската сојузна држава Калифорнија во петокот ги проценуваат штетите коишто ден претходно ги предизвика најсилниот земјотрес кој ја погодил јужна Калифорнија во последните 25 години, а сеизмолозите предупредуваат дека следните денови може да се очекуваат дополнителни треперења на почвата, вклучутелно и многу силни потреси.

Силниот земјотрес со магнитуда од 6,4 по Рихтер ја погоди во четврткото јужна Калифорнија, околу 175 километри североисточнмо од Лос Анџелес, објави Американскиот геолошки институт USGS. Институтот објави и дека потресот, со почетна магнитуда 6,6 бил многу плиток, со хипоцентар на 8,7 километри длабочина, што ја засилило неговата моќност. Регистриран е околу 13,30 часот по локано време, со епицентар на границата од националниот парк Долината на смртта (Death Valley).

Земјотресот бил силно почувствуван на подрачјето на Лос Анџелес, на северот до градот Фресно, но и во Лас Вегас во соседната сојузна држава Невада.

„Можеме да очекуваме нови потреси и некои од нив ќе бидат посилни од магнитудата 3 по Рухтер. Шансите за земјотрес посилен од магнитудата 5 по Рихтер се најверијатно повеќе од 50 отсто“, предупредува сеизмологот Луси Џонс.

Откоко калифорнискиот гувернер Гевин Њусом ја одобри можноста за прогласување вонредна состојба, тоа го стори и градоначланик на погодениот град Риџкрест, Пеги Бриден. Со тоа отвори можност градот да прими помош од надворешни агенции.

Станува збор за најсилниот земјотрес од 1994 година кој пред 25 години го погоди густо населеното подрачје Лос Анџелес. Во тогашниот потрес со магнитуда од 6,6 по Рихтер загинаа 57 луѓе, а штетата се проценуваше во милијарди долари.

Земјотресите со магнитуди меѓу 6,0 и 6,9 по Рихтер спаѓаат во силните потреси, кои може да предизвикаат штети во населените области до 160 километри од нивниот епицентар, а годишно се регистрираат по околу 120 вакви потреси. Рихтеровата скала или магнитудна сакал e дефинирана со еден број кој означува сеимичка енергија која произлегла од земјотресот. Во однос на магнитудите од Рихтеровата скала и енергијата која ја произведуваат експлозиите предизвикани од човекот, замјотресот со магнитуда 5 по Рихтер е еднаков приближно на моќта на екслозијата на американската атомска бомба фрлена врз јапонски Нагасаки. Земјотресот со магнитуда 6 по Рихтер е приближно еднаков на експлозја од 1.000.000 тони ТНТ, односно еден мегатон.