Секаде во светот министерствата се користат за работа, само во влада на Заев за родендени

Ваков јавашлук и рашомонијада со државните ресурси досега е незапамтен. Фрапантна е фотографијата на министрите и функционерите на власта кои без маска и соодветна заштита ги користат државните институции за славење на роденден, реагира ВМРО-ДПМНЕ по објавената фотографија на која функционери на ДУИ му слават роденден на партискиот лидер Али Ахмети во просториите на Министерството за политички систем.

– Секаде во светот министерствата се користат за работа, само во влада на чело со Заев за родендени. Наместо министерствата да им служат на граѓаните, во Македонија тие им служат на функционерите на власта за славење на родендени. Спасовски и Филипче наместо да се расфрлаат со приказни нека ги казнат министрите кои во министерството на Груби не носат маска. Кога граѓаните плаќаат казни за неносење казна тогаш тоа најмалку може да го направат и министрите и фунционерите на власта – велат од ВМРО-ДПМНЕ.