Шекеринска доделила 550.000 денари на невладините на Шапуриќ и Ахмедовски

Скандалите поврзани со доделувањето финансиски средства од Министерството за одбрана на граѓанските здруженија продолжуваат, пишува порталот „Лидер“.

Според истражувањата на „Лидер“, освен што Радмила Шекеринска доделила пари на невладина во која членува, државни пари од МО добиле здруженија во чии раководни структури се наоѓаат министри од владата на Зоран Заев.

Министерот без ресор од ЛДП, Зоран Шапуриќ е заменик претседател во УО на здружението „Мултикултура“ кое добило 400.000 денари. Уште еден министер без ресор, Аксел Ахмедовски од ПЦЕР, основач и претседател на УО на невладината организација „КХАМ“, на која министерството доделило 150 000 денари.

Повеќе детали во текстот на Лидер.

https://lider.com.mk/makedonija/shekerinska-dodelila-650-000-na-nevladinite-na-ministrite-shapurikj-i-ahmedovski/