Министерката за одбрана на Република Македонија и вицепремиерка, Радмила Шекеринска, смета дека синоќа на протестот против потпишаниот договор за името со Грција, пред Собраниие немало народ, туку платени луѓе, кои земале пари и уживале во тоа да напаѓаат полиција.
-Сиве овие денови живееме под нивната психоза, дека чудо треба да се случи, дека народот е на улица. Но, народот не е на улица. На улица се повторно платени луѓе, кои, замислете, ги земаат парите и земаат сатисфакција во тоа што напаѓаат полиција, рече Шекеринска.
На синоќешниот протест пред Собранието на Р. Македонија, против договорот со Грција за менување на името на нашата држава, полицијата употреби прекумерна сила со солзавец и шок бомби, при што се повредени над 15 лица.