Новата влада во Скопје го зголемува притисокот за прием на земјата во НАТО, бидејќи смета дека на овој начин ќе ја заштити Република Македонија од руската интервенција во внатрешните работи, пишува америкнаската новинска агенција Bloomberg повикувајќи се на интервјуто со македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска која вели дека наводното руско влијание и мешање во оваа стратешка цел не е од помош, ниту е пријателско.
„И пред изборот на новиот кабинет бевте сведоци на дефинитивно одлив на информации за обидите на Русија да постигне влијание во клучните политички области и во областа на безбедноста. Загрижени сме од овој факт. Веруваме дека членството на Македонија во НАТО може да стави крај на овие обиди“, вели Шеќеринска во интервју.
Од јуни наваму и првите промени од десетгодишното владеење, државниот врв на Македонија и земјата се обидува да ги заживее напорите за членство во ЕУ и НАТО, пишува Bloomberg. Шекеринска истакнува дека владата на Зоран Заев инсистира да ги подобри односите со Грција, која поради спорот со името го блокира пристапот на Македонија во НАТО, и сака да изврши внатрешни реформи во рамките на девет месеци за побрзо членство во Алијансата.
Македонија треба да вложи напори за почитување на владеењето на правото и независноста на судството, кои сега се посочуваат како проблем за пристапот на земјата во Алијансата, рече Шеќеринска.
„Ќе сториме сé за спроведувањето на овие реформи, но, исто така, ќе бараме од земјите членки на НАТО да го цениме овие напори, како и нивните резултати што е можно побрзо”, вели натаму Шекеринска.
Најавува дека земјата ќе го следи примерот на Црна Гора, која стана членка на НАТО претходно оваа година, и Македонија во 2018 година ќе го зголеми својот буџет за одбраната, кој во ппоментов е околу 1 отсто од бруто домашниот производ (БДП).
Радмила Шекеринска изразува задоволство од посетата на американскиот потпретседател Мајк Пенс во Подгорица минатата седмица. Според неа, оваа посета испратила „клучна порака” со што се отфрлаат сомнежите дека Вашингтон не е заинтересиран за силното присуство на НАТО во регионот. „Овие сомнежи исчезнаа”, истакнува Шекеринска.