Секоја втора жена била изневерена за време на пандемијата

Психолозите велат дека стресот за време на пандемијата ги уништува односите и дека луѓето се регистрираат на апликации за запознавање за да се забавуваат.

Речиси 50 отсто од жените биле изневерени од партнерот за време на пандемијата на коронавирусот, покажало неодамнешно истражување спроведено во САД.

Сајтот „Dating.com“ спровел анкета во која учествувале 2.000 лица, а прашањето било дали биле изневерени во период од март, за време на карантинот, па до денес.

Резултатот ги изненадил сите, а тоа е дека дури 55 отсто одговориле потврдно. Од нив, 45% се жени, а само 15% биле мажи.

Причините за изневерување се изненадувачки. Една третина рекле дека се изневерени бидејќи партнерот повторно почнал нешто да чувствува за поранешната партнерка, односно партнер, додека 20 отсто од нив рекле дека истата работа се случила со некоја друга личност.

Потпретседателката на апликацијата, Марија Саливен, рекла дека карантинот бил одличен тест за сите парови, некои го зацврстиле односот и уште пдообро се запознале, додека некои сфатиле дека баш и не се еден за друг.

Истражувањата покажале дека многумина се приклучиле на апликациите и страниците за запознавање луѓе за време на овој тежок и предизвикувачки период.