
Ако има брзи избори тогаш тоа би било како во војна, секој оној што ќе излезе да гласа нема да знае дали ќе преживее, оцени новинарот Драган Павловиќ Латас во текот на гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеж“ на телецизија Алфа
Вакви избори немало никогаш во историјата на Македонија. Тој што ќе излезе да не знае дали ќе остане жив. Како во војна. Денеска имаме 20 заболени и тројца мртви. Тоа е повеќе од просекот. Ако ние во 60 дена имаме 90 починати, тоа е еден ипол на ден, ние денеска имаме повеќе од просекот. Значи се работи за ноторна лага кога денеска кажува СДСМ дека ситуацијата се стабилизира. Денеска значи, имаме повеќе починати од просекот на сите изминати денови. Кого лаже Заев? Па два и два се четири, вели Павловиќ.
Според него, СДСМ ги брза изборите затоа што има голем фонд на пари кои се обезбедени од Буџетот за купување на гласови, а пред нова година Заев бараше да му се одземат парите на ВМРО-ДПМНЕ кои им следуваа како политичка партија.
„Погледнете ја генезата, тие од пред нова година бараа да му се одземат парите на ВМРО-ДПМНЕ кои му следуваа по закон како политичка партија, да го остави без пари, а вика јас се откажувам од моите пари. Најопасен работник е шеф кој работи без пари, тој има канали како да заработи десет пати, најопасни се типови кои викаат ова ќе го направам бесплатно, тој има веќе во глава кај ќе го наплати, тој има буџет. Тие со тие пари ќе одат на купување, на гласови, ако нема излезност, ќе купат повеќе гласови. Македонија е прилично сиромашна, луѓето немааат пари, помеѓу корона и пари да излезат, многу ќе изберат да гласаат.“ потенцираше Латас.
Праша ако немаме голема епидемија зошто имаме вонредни мерки, ако нема доволно заразени и доволно умрени за да ги одложат изборите?
„Ќе го цитирам Сорос омилениот ментор на СДСМ, вака вика Трамп е диктатор, кој сака да ја зголеми својата диктатура. Со Џорџ Сорос бара војна помеѓу Кина и САД а не соработка која ја нуди Трамп. Бидејќи тој е еден кои го држат финансискиот сектор, а банките во војна не се уништуваат вели треба да има војна. Второ вика Доналд Трамп бараше одредени мерки кои заради уставот не можеше да ги спрведе инаку ќе бешше диктатор исто како власта во Кина, тоа се негови зборови. Зошто не станал диктатор Доналд Трапм затоа што тоа не му давал Уставот. Американец почитува Устав, Зоран Заев не почитува Устав, нашиот е веќе диктатор.“ заклучи Латас.
Во врска со изјаваа на Зоран Заев дека СДСМ води на анкетите. Павловиќ – Латас изјави дека кога се анкетите во прашање, анкетираат и домашни и странски институции во Македонија и сите анкети говорат дека предноста е на страната на ВМРО-ДПМНЕ во износ од 1.6 до 4 отсто.
-Науката кажува дека во западните земји кај што има демократија, народот од едни до други избори го менува своето мислење од околу 30 посто. Кај нас во Македонија до 20 посто. Затоа што за големи промени треба големи мотиви. Зоран Заев не негираше дека пред нова година губеа со 4 посто. Дури и според американскиот Институт NDI СДСМ губеше на нивните анкети. Но, СДСМ реагираше на тоа па, разликата се слеа во корист на СДСМ. Затоа велам дека толкава драстична промена во анкетите, како што кажува Заев не е можно, вели Павловиќ.