Секое второ бебе ќе доживее 100 години

Секое второ бебе кое се роди по први јануариа 2014 година ќе доживее најверојатно 100 години, тврдат аналитичарите од осигурителното друштво „Алианц“ на основа на статистички пресметки.

Околу 80.000 деца во 2014 година ќе бидат родени во Австрија, а доколку се покажат точни пресметките на „Алианц“ 40.000 од нив ќе ја прославата и новата 2114 година.

Статистички гледано, како што пренесува виенскиот дневен весник “Остерих“ прогнозите на „Алианц“, 40 отсто од децата родени во 2014 година ќе завршат матура и ќе апсолвираат студии. До влезот во работниот век (2037) тие, како што се прогнозира, ќе затекнал оптимално предуслови.

Поради постојано стареење на населението во индустриските земји и постојаното намалување на наталитетот владее акутен недостаток на експертски работни сили.

Доброобразованиете родени во 2014 година ќе можат, според „Алијанц“, ширум светот да бираат работа каква сакаат. Веќе во 2050, според прогнозите, 12.000 Австријци ќе имаат повеќе од 100 години.