Вкупното производство на грозје во 2013 година ќе го надмине досегашниот рекорд од вкупно 250 илјади произведено грозје во Македонија. Ова го истакна министерот за земјоделтво, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната отворена седница на Владата на Република Македонија.
Годишно надвор од Македонија, како што посочи ресорниот министер, се извезувааат 16,5 милиони литри македонско вино.
Тој потенцираше и дека извозот на македонско вино оваа година е значително зголемен и заклучно со 30 ноември 2013 година се извезени вкупно 735.483 хекто -литри грозје во износ од 42 милиони евра.
-Секојдневно 54 илјади шишиња македонско вино се купуваат и конзумираат низ светот, потенцираше Димовски, додавајќи дека Македонија е веќе позната како земја на виното низ светот.
Димовски истакна дека годинава е забележано зголемување на количините на произведено вино за 74 отсто, а зголемувањето на вредноста од произведеното вино е зголемана за 55 отсто.
За 27 проценти е зголемено производтвсото на винско грозје во споредба со минатата година, истакна Димовски.