Секој Норвежанец од вчера е милионер

Секој жител на Норвешка од вчера теоретски стана милионер благодарение на најбогатиот Фонт што некоја држава го има, а кој што порасна благодарение на високите цени на нафтата и гасот.

Фондот има сопственост од еден отсто од светските акции, како и недвижности од Лондон до Бостон, и ги прави Нордијците исклучоци во времиња кога мнозинството држави се борат со огромни долгови.

Прелиминарниот број на интернет страницата на централната банка на Норвешка, која што управува со Фондот, наведува износ од 5,11 трилиони круни (околу 829 милијарди американски долари) што е речиси милион пати повеќе од бројот на жители на оваа земја, кој според проценките се околу 5,1 милиони.

Ова е првпат износот во Фондот да достигне износ од еден милион круни за секој жител, вели портпаролот на Централната банка, Томас Севанг.

Секако, се подразбира дека секој Норвежанец нема да има прилика да ги троши тие пари или да има пристап до него. Тие пари се чуваат за „црни денови“.

„Фондот е успешен во смисла дека парламентот одлучи тие пари да се остават за во иднина. Постојат многу земји кои не успеале да го направат тоа“, вели Оејстејн Доерум, економист од ДНБ Маркетс, водечка норвешка инвестициска банка.

Од друга страна, нафтеното богатство на Норвешка направи државата нерадо да влегува во реформи или да намалува некои „луди“ субвенции. Земјоделски субвенции, на пример, се даваат на фармери за загревање штали на Арктикот.

Таквото богатство исто така може да им влијание и на одделни Норвежани, кои не сакаат да работат.

„Едно од пет лица во работниот век прима некаков вид на социјално осигурување наместо да работи“, вели Доерум, покрај официјалната стапка на невработеност од 3,3 отсто.