Секс потези што може да ви ја спасат врската

Постојат некои потези во сексот што двојките се плашат да ги пробаат, а не знаат дека тие „зачини“ би можеле да им донесат уште многу повеќе задоволства  во креветот. Затоа, попуштете на сопирачките и испробајте ги следните секси потези од кои што можеби се срамите, а би можеле целосно да ве воодушеват.

  1. Сакате да се гледате себе си и партнерот во огледало за време на сексот

Снимајте се за време на секс. Снимањето на сексуалниот чин ќе биде идеален зачин затоа што ќе ја задоволи вашата егзибиционистичка страна. За создавање совршена атмосфера што ќе изгледа добро на камера исчистете го просторот околу себе,  дотерајте го осветлувањето па камерата ставете ја некаде каде што ќе ви биде на дофат, но нема да ви пречи. И – Акција!

  1. Гледајте заедно филмови за возрасни

Гледајте порн о филм за време на сексот. Филмовите за возрасни ќе ви ја разгорат сексуалната желба, особено по забрзаниот и стресен ден кога ваквите содржини ќе бидат добредојдена помош против замор. Ако не сакате филмови за восрасни, побарајте некои еротски филмови.

  1. Секси СМС пораки

Испратете му јасна секс-порака. Нека биде кратка, од 5 до 10 секунди, малку потргнете ја устата од мобилниот за вашиот глас да звучи како сензуален шепот. Дури и ако не се чувствувате најпријатно говорејќи непристојни нешта до партнерот, ова ќе биде одлична вежба за повеќе да се ослободите.

  1. Сакате кога партнерот ќе ја преземе контролата

Зачинете го сексо т со игра на доминација. Препуштете ја контролата во постелата на партнерот и следете ги неговите „наредби“. Ова може да ви донесе целосно ново сензуално возбудување. Но, тоа не значи дека сопствените желби морате да ги потиснете. Испробајте некоја игра користејќи реченици од типот: Да, господине, како сакате… Секако како инспирација може да ви послужи и филмот: „Педесет нијанси сива“.

  1. Користете вибратор

Користете вибратор заедно. Дајте му го на партнерот и дозволете со него да ви пружа задоволство. Ова е доволно за почеток, а натаму нека ве понесе играта…