Кои се 3-те секс позиции што им причинуваат најголемо задоволство и ги прават среќни припадниците на посилниот пол?
Некои од нив се омилени и меѓу жените, па ако тоа е така и кај вас, тогаш сексот со вашиот партнер ќе биде незаменлив.
Кучешка поза
Оваа поза е мошне стимулативна за вашиот сакан. Можеби ова е нај животинското сценарио кога се зборува за сексот, но, секако сите го применуваат, и на сите им причинува максимално задоволство. Doggy Style e релативно лесна позиција, а и ќе му овозможи длабока пенетрација и вистинско уживање.
Вие врз него
Додека партнерот е легнат на грб, а вие се наоѓате расчекорена над него, нормално дека тоа е една од неговите најпријатни секс положби. Вие ја врши целата работа, а нему му преостанува само да се препуштите на задоволството. Секако, да не го заборавиме и фактот дека при оваа сексуална положба има многу длабока пенетрација, па и двајцата партнери уживаат во тоа. Доколку сте доволно самоуверена, можете да му ја предложите истава позиција само да бидете свртена со грб.
Лотосов цвет
Потребно е тој да седне на кревет или било каква рамна површина, по можност мека. Прекрстете ги нозете со вашиот партнер и вовлечете се во неговиот скут. Ова е уште една позиција каде вие ја вршите целата работа, или најголемиот дел од работата, а тој само ужива. Идејата е вие да ги завиткате нозете околу неговиот појас, а потоа да се кревате и да се спуштате се додека и двајцата не кулминирате до задоволство. Доколку се изморите од движењето горе-доле, исто така може да се движите и напред- назад. Оваа поза ќе му причини екстремно задоволство, а и вам нема да ве боли долниот дел од грбот.