Сексуалните работнички го креваат гласот против насилството. Тие повеќе од една деценија се борат за своите права. Мотото годинава е „Стоп на насилството врз сексуалните работници“.
Традиционалната парада почна од улицата „Македонија“, а заврши на градскиот плоштад, во организација на граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-стар“. Сексуалните работнички од маршот на црвените чадори, порачаа дека се уште немаат слух од институциите, ниту од социјалните служби и полиција.
Организаторите велат дека бројката што кружи во медиумите од 3.000 до 5.000 сексуални работници во Македонија не е точна. Тврдат дека таа е многу поголема.
Како претходница на парадата, вчера, сексуалните работнички преку перформанс на излози на скопскиот булевар Св. Климент Охридски, нудеа услуги за да го свртат вниманието кон проблемите за кои се залагаат.
ФОТО: Макфакс