За некои луѓе водењето љубов може да биде толку голем физички напор, како што за некои тоа е трчањето маратон. Луѓето што се помалку активни сексот може да го доживеат како еден вид вежбање во теретана.
За време на сексот кај луѓето се зголемува брзината на дишење, им расте крвниот притисок и бројот на отчукувања на срцето и се потат.
Слично се случува и за време на вежбањето. Една понова студија спроведена на помлади двојки во Канада покажала дека интензитетот на нивното водење љубов е приближен како кај умерените телесни активности, како што е, да речеме, пешачењето.
Исто така, судејќи според мерењето на срцевиот ритам, мастурбацијата е еднаква со многу благо вежбање, како што е бавното пешачење.
Научниците дошле до заклучок дека сексот може да се спореди со вежбање, но и не, во зависност од тоа колку е некој активен.
За луѓето за кои што вежбањето е средство за обликување на телото и за одржување во форма, сексот не е нешто што го доживуваат како вежбање, туку за нив тоа е само уживање и опуштање.
Од друга страна, за луѓето што може да се каже дека се мрзливи, затоа што во животот не се претерано активни, сексот со просечна зачестеност и интензитет може да биде физички напор, како што за некои тоа е трчањето маратон.
Тие мошне лесно тоа може да го доживеат како облик на вежба, односно дел од нив се тешат дека тоа е доволно за добра линија и за губење на вишокот килограми.
Заклучокот е следен – физичката активност и грижата за телото мошне лесно ја зголемуваат сексуалната желба и уживањето во водењето љубов затоа што човекот тогаш е задоволен со себе си и посамоуверен од оние што можеме да речеме дека се мрзеливи. Исто така оние што се статични тешко може да сметаат на тоа дека ќе изградат мускули со повремен секс.