Секта е причината за разводот на Ерос Рамацоти

Мишел Хунзикер, позната италијанска водителка неодамна откри зошто се развела од славниот пејач Ерос Рамацоти со кого била четири години во брак и со кого ја имаат ќерката Аурора.

Иако за причините околу разводот, таа молчела полни 15 години, Мишел конечно решила да ја каже вистинската причина за прекинувањето на бракот, пишува „Билд“.

Ерос во тоа време открил дека Мишел била дел од една секта. Тогаш и поставил услов: Или сектата или јас!

– Во сектата ми говореа дека сопругот не е добар за мене, но јас го сакав. Но, кога Ерос ми кажа дека морам да избирам помеѓу него и сектата, јас ја избрав сектатта – вели поранешната сопруга.

Додека била во брак, нејзините телефонски разговори биле следени, и било забранувано да се слуша со мајка си која не ја видела четири години.

– Ме натераа да ја напуштам манекенската агенција и ме уверија дека морам да ги финансирам. Во еден момент ме уверија дека мора да им ги дадам сите пари и ми се заканија дека ќе ме убијат ако ја напуштам сектата – изјавила Мишел за „Билд“.

На Рамацоти му беше потребно долго време да се залечи од нивното раскинување. Тој повторно се ожени во 52. година, а пред две години доби и син.