Сектата „Лев Тахор“ од синоќа е во охридско Горно Лакочереј

Членовите на еврејската група „Лев Тахор“ која од Куманово, пристигна во Скопје, синоќа биле префрлени во охридското село Горно Лакочереј со полициска придружба, пишува Локално. Групата од 37 луѓе, од кои половина се малолтени деца, ретко излегуваат од дома и велат дека доаѓаат во мир, а имаат пасоши и привремен престој од 90 дена во Македонија. Тие пристигнаа на 5 февруари во Куманово, а оттогаш се соочуваат со многу проблеми поради нивниот изглед.

Куќата во која престојуваат во Куманово и  хотелите во Скопје уште се држат во тајност.

„Лицата за кои прашувате го напуштија Куманово и во моментов се во Скопје. Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите„, соопштија тогаш од МВР.

Групата во последните месеци мигрирала од една во друга земја, најмногу во источна Европа, а пред Македонија, биле депортирани од БиХ.