Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп доцна во неделата објави дека му го доверува на непопустливиот поранешен директор на Агенцијата за граница и имиграција, Том Хоман, секторот за надзор и безбедност на границите во новата администрација.
Трамп вети дека уште од првиот ден на својот втор претседателски мандат ќе ја започне најголемата операција во историјата на САД за депортирање на имигрантите кои кои не поседуваат документи.
„Со задоволство можам да објавам дека поранешниот директор на ICE (Агенција за имиграции и граници) и непоколебливиот чувар на границиет Том Хоман ќе ѝ се придружи на администрацијата на Трамп задолжена за границите на нашата нација“, објави американскиот преседател на својата социјална мрежа Social Truth.
„Го познавам Том долго време и нема никој подобар да ги надгледува и контролира нашите граници…. Хоман ќе биде одговорен за „сите депортации на илегални странци назад во нивната земја на потекло“, додаде Трамп.
Во текот на кампањата, тој постојано зборуваше против имигрантите, користејќи остра реторика за оние што ја „трујат крвта“ на САД.
Додека американската влада со години се обидува да управува со јужната граница со Мексико каде влегуваат илегални имигранти а демократите на актуелниот претседател Џо Бајден овозможија влез на милиони имигранти во САД, Трамп ја зголеми загриженоста со обвинувањата дека е во тек „инвазија“ на мигранти за кои вели дека ќе силуваат и убиваат Американци.
Трамп вети дека ќе ги разбие мигрантските банди користејќи го Законот за странски непријатели од 1798 година, кој ѝ дозволува на федералната влада да собира и депортира странци кои припаѓаат на непријателските земји како дел од акцијата за масовно депортирање што тој ја нарече „Операција Аурора“ по градот Колорадо за кој се шират вести дека е тероризиран од мигранти од Латинска Америка.
Телевизијаа CNN во неделата објави дека Трамп ѝ понудил на републиканската претставничка Елиса Стефаник да биде амбасадор на САД во Обединетите нации, пренесува британската агенција Reuters.