Според податоците на компанијата Ampere Analysis, што се занимава со анализа на пазарот, глобалниот сектор за забава ќе изгуби раст од 160 милијарди долари (146 милијарди евра) во наредните пет години, како резултат на кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19.
Иако најголемото влијание ќе се почувствува во текот на оваа и следната година, растот ќе се намалува секоја година во текот на петгодишниот прогнозен период, наведува „Ампер” во анализата објавена на нивната веб-страница.
Иако огромното мнозинство во секторот за забавна индустрија ќе ги почувствува негативните ефекти од пандемијата, „Ампер” ги идентификува најголемите губитници.
„Рекламирањето е најтешко погодено, како на краток рок така и воопшто, но анализите на секторот за забава покажуваат дека области како што е театарот се пропорционално посериозно погодени”, наведува компанијата.