Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села изјави дека Северна Македонија „мора да го прифати францускиот предлог по отстранувањето на ветото на Бугарија за да се отворат преговорите со ЕУ“.
Во интервју за албанската телевизија Ора њуз, Села додаде дека Албанците не треба да останат заложници на конфликти кои се рециклираат и се повторуваат на секои четири до пет години.
– Ова е понудата што ја има Северна Македонија на маса треба да се сфати многу сериозно. Одлуката не е дали ќе го прифати или не пакетот или францускиот предлог, туку изборот што мора да го направи Северна Македонија е дали да го продолжи или не европскиот пат. Ако не прашаат, ние отворено сме го кажале нашиот став. Ние сме за продолжување на ова патување кое поминува низ прифаќање на францускиот предлог. Мислам дека Северна Македонија нема да има подобар предлог за решение на овој спор и затоа дефинитивно мора да продолжиме по овој пат. Албанците не можат да останат заложници на конфликти кои се рециклираат и се повторуваат на секои четири или пет години – рече Села.
Сега, кога проблемот со Грција е надминат, посочува тој, преку Договор од Преспа, се надевам дека ова треба да биде последниот консензус што треба да го донесе креирањето политики во Северна Македонија и да одиме кон ЕУ како регион.
Поздравувајќи ја осудата на српскиот геноцид во Сребреница од страна на Парламентот на Албанија, со донесување резолуција за тоа, Села, меѓу другото, рече дека „треба да внимаваме со кого влегуваме во заеднички регионални иницијативи“.
– Геноцидот, без разлика каде се случил е за осуда. Токму со тие критични моменти се потсетуваме на суровоста на многу земји, особено Србија, на Балканот. Сведоци сме и во денешно време. Слични сцени гледаме во конфликтот меѓу Русија и Украина, односно од рускиот притисок врз Украина. Тоа се моменти на кои мора да се потсетиме за да не се по вторат – вели тој.
Села и со оценка дека „не може да се тврди дека Албанија се модернизирала или променила“.