Ако не сакаме да ни се повторат случаи како оној со горењето на модуларната болница во Тетово мора да има одговорност. Од друга страна, имаше дефиле на политичари и изгледаше како дефиле на коалицијата на власт, претставници на власта кои го осмислуваат пиар-от. Во меѓуврме немаме, не знаеме имиња на жртвите, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на гостувањето на телевизија 24.
Според него ако работеа да има болници како што треба немаше да имаме и толкав голем број на жртви од корона, ниту ќе имаше потреба за модуларни болници.
-Што правеше другиот ден заменик премиерот заедно со група од над 20 партиски членови да шета низ таа изгорена болница, нели тоа место по настонот се оградува има ленти и не може да се влезе. Дали тоа значи дека со самиот пристап во забрането место, вицепремиерот кој сака да се нарекува прв, дали ова им оневозможува на истражителите да најдат причина за пожарот. Има слики дека се присутни над 20 лица во самото место кое е забрането, кое треба да се истражува. Еве хипотетички дали некој можел да фрли нешто штоможе да служи како доказ. Не сакам никој да обвинувам но чудно ми е како е дозволено тоа, без разлика на позицијата на личноста, да не се повика на одговорност, рече Села.
Села праша дали ова е казниво со закон или не.
Јас сум доктор и не можам да кажувам, ама нека се произнесат правниците. Јас изразувам ссамо сомнеж и прашувам. Треба да се отворат сите дилеми, вели Села.