Села ги честиташе велигденски празници наместо божикните

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, денеска на прес-конференција по грешка ги честиташе велигденски празници наместо божикните.

– Сакам да ви ги честитам сите верски празници, велигденските празници – рече Села, по што присутните го корегираа дека станува збор за божикни празници.

Особено интересна беше и реакцијата на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој седеше веднаш до Села, а кој не можеше да издржи за да не се насмее по направениот лапсуз.

Во продолжение, погледнете го видеото: