Лидерите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши остануваат на ставот дека пописот не треба да се одложи и најавија дека ќе ги искористат сите политички средства за да го спречат одложувањето на пописот. Тие најавија дека нема да обрезбдат Бдентерово мнозинство за измените на законот за попис.
За Села средбата на лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски е средба на два претседатели на две македонски партии, ништо повеќе и ништо помалку. Односно, како што вели средба помеѓу три партии, две македонски и една преку телефон со Ахмети, но за нив таа средба нема никави политички ефекти.
– Договарањата кои ги слушнавме преку медиумите за нас се неприфатливи. Јасно да биде на сите ние како политички систем сме парламентарна демократија, не сме претседателски систем, не може да договараат поединци одложување на попис, воведување на нови дефиниции во Законот за попис, таму нема евиденции и верификации на граѓани, туку попис на резидентни и нерезидентни граѓани. Основно нешто е почитување на законите. Пописот нема да се одложи оти намерата е да нема попис. Исто се случи во 2011 меѓу Ахмети и Груевски кога го прекинаа пописот и сега ,е втора епизода од истиот филм меѓу Заев и Мицкоски. Секој кој ќе се дрзне да го спречи пописот ќе се соочи со правдата. Има информации дека од Заводот за статистика им велат на попишувачите да ги вратат лаптопите. За ова Обвинителството да покрене истрага. Секоја друга опција би значела анархија. АА-А има механизми да тера до крај. Преку Бадентер ќе спречиме донесување на измени на законот за попис. Ги повкувам граѓаните да се попишат, попишувачите да продолжат со работата и да не се донесат во ситуација да одговараат – рече Села.
Гаши потврди дека коалицијата AA-A стои цврсто на ставот дека пописот не треба да се одложи. Тој потсети дека повикувале пред четири месеци да не се спроведува попис во време на пандемија и сега на веќе почнат попис сакаат да го одложат.
– Пописот ќе го спречиме со сите политички средства – изјави Гаши.
Тој за вчерашниот состанок помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев рече дека има една добра и една лоша вест. Добрата била дека на Заев не му било толку тешко да се договори со Мицкоски и дека ги охрабруваат да продолжи дијалогот.
– Лошата вест е што одиграа улога како во државата да не постои никој друг. Тоа е многу лошо и за државата и за институциите. Нема да дозволиме да се одложи пописот. Овој процес не треба да се политизира и манипулира, туку треба да биде статистичка операција – рече Гаши.
За утрешната средба со премиерот Зоран Заев, Гаши изјави дека досега не добиле покана, дека имало договарање, но покана нема и рече дека средба ќе има само ако е на лидерско ниво.
– До сега ни јас ни Села немаме покана од Заев за средба. Се најавуваше, не се знае точно во каков формат. За законот за државјанство треба да се разговара на политичко ниво, а не со координатори на пратенички групи. Ако добиеме покана за лидерска средба ние ќе одиме.за да го усогласиме законот за државјанство и ќе ги повлечеме сите амандмани за да се одблокира Собранието – рече Гаши.