Села и Мухиќ тврдат дека гласале за Законот за јазици

Лидерот и пратеник од Алијансата за Албанците, Зијадин Села вели дека вчера гласал за Законот за употреба на јазиците, иако на листингот од Собранието се уште до неговото име стои дека не гласал, објави Фокус.

„За тоа треба да се обратите до собраниските служби, тие мора да знаат што се случило. Јас кога гласав си покажа дека е гласано. ДУИ најверојатно стои позади тоа заради ниска пропаганда – додаде Села.

И независниот пратеник Ферид Мухиќ посочи дека неговиот глас не бил евидентирал, иако тој гласал за Законот.

„Јас гласав за законот за јазици, не знам зошто мојот глас не е евидентиран. Гласав и со кревање рака кога гласаа немнозинските заедници“, вели Мухиќ.