Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, гласаше во струшкото село Ливада.
„Политичката партија на власт од албанскиот блок постојано прави притисоци последните денови. Информирани сте и за многу нерегуларности, уцени, поткуп итн. И денеска се обидуваат во некои изборни места да направат проблеми. Секогаш велам, кога народот сака промена, никој не може да го спречи. Промената ќе дојде и граѓаните ќе бидат слободни“, рече Села.