
Доколку нема почеток на преговори со Европската Унија во месец јуни, тогаш оваа Влада го губи целосниот кредибилитет и во октомври ќе се оди на избори изјави синоќа во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
-Покрај сите останати кризи со кои се соочуваме, секоја политичка партија во својата агенда ги има евроинтеграциите, но власта е таа која треба да го реализира, и доколку во јуни ние не добиеме датум за почеток на преговори тогаш оваа Влада го губи целосно кредибилитетот, рече тој.