Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села ќе се сретне со шефот на Канцеларијата на НАТО за врски со Македонија, амбасадорот Зоран Јанковиќ.
Се очекува тема да бидат уставните измени и Преспанскиот договор. Средбата меѓу премиерот Зоран Заев со претседателот на БЕСА Билал Касами што се одржа во петокот заврши без инфомација за детали. БЕСА има три амандмани на Уставот и еден на Уставниот закон за да се прецизира дека државата не е моноетничка, како што имплицира делот „македонско државјанство“.
Според некои најави во Скопје, работни групи од БЕСА и владата ќе се сретнат денеска за да ги испеглаат ставовите за аманманите кои ги предлага партијата во рамки на Уставните измени.