Села одбил разговори со Заев

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ја одбил поканата на премиерот и челник на СДСМ, Зоран Заев, за средба околу можниот заеднички претседателски кандидат.

Ова за ТВ 24 го потврдиле неиуменувани извори од Алијанса за Албанците. Тие не сакале, како што рекле соговорниците, да седат на заедничка маса откако се одземени ингеренциите на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари од страна на Министерството за образование и наука.