Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села е незадоволен од исходот на лидерските средби бидејќи интересите на опозицијата во албанскиот блок требало да ги застапува неговата партија, а не крилото на Беса на Билал Касами. Тој повтори дека го подржува договорот со Грција, но дека преку уставни амандмани ќе бара истиот да биде подобрен во однос на правата на Албанците.
Преку процесот на отворање на уставните измени ќе направиме сите народи да се чувствуваат еднакви. Во Македонија има народи што заслужуваат да бидат рамноправни во преамбулата, без некој да се чувствува како носител на државјанството, сите се носители на државјанството. Алијансата за Албанците преку свои амандмани ќе интервенира во делот на Уставот што се однесува на службените јазици, рече Села.
Тој на денешната прес конференција во Собранието побара во договорот, дел од народите во земјата да биде повеќе истакнат од другите народи, односно во делот за националност во патните исправи да пишува Албанците- граѓани на Република Северна Македонија.