Јавна личност има јавна одговорност и за ваков случај како овој со модуларната болница во Тетово мора да се одговара, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на гостувањето на телевизија 24.
-Замислете излегува премиерот и не ја прифаќа моралната оставка на министерот. Гледаме дека ова е игра како да се манипулира гневот на тие што изгубиле најблиски со цел се да оди како ништо да не било. Како тој ќе одлучува за моралната одговорност на министерот. Како е можно да нема ни тронка одговорност, одговорност и оставки мора да има дури и на функции да се најчисти луѓе, вели Села.
Според него во ваква ситуација треба да си замине премиерот, а не да кажува бесмислени работи.
-Ние сме чудно општество во кое виновник за се е опозицијата, кај се видело да биде одговорна опозицијата. Се знае кој одговара. Што треба да прави опозицијата во ваква ситуација? Не може да молчи, кажа Села.