![zijadin-sela-960x622](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/zijadin-sela-960x622.jpg?resize=640%2C415&ssl=1)
Премиерот Зоран Заев рече дека ако Пендаровски изгуби и со само еден глас, тој ќе предложел распишување на предвремени парламентарни избори. Па го држиме за збор“, кажа во неделата вечерта претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на денешната прес-конференција.
Посочи дека фер и демократските избори се важни за патот на државата кон Европската унија.
„За жал, деновиве бевме сведоци на уцени и притисоци на правење лоша пропаганда, многу подла од страна на портали што се блиски на партијата на власт. Единствен начин власта да се огради од овие термини е да профункционира законот и да се казнуваат“, рече Села.
Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК) кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова го презема водството пред кандидатот на владејачките СДСМ и ДУИ, Стево Пендровски, со околу стотина гласови, додека кандидатот кој го поддржи Алијансата за Албанците, Блерим Река освоил околу 80 илјади гласови.