Поранешниот премиер Зоран Заев прв газеше врз мојата крв, па тоа што сме опозиција е негова одлука, рече во четвртокот вечерта челникот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, алудирајќи на настаните во Собранието од 27-ми април 2017 година.
„Одлуката на Алијанса за Албанците и на ВМРО-ДПМНЕ да бидат опозиција всушност беше одлука на самиот Заев, односно на човекот кој прв ја згазна мојата крв – истакна Села во емисијата „Вин-вин“ на Телма.
Додаде дека неговата партија се противи на укинувањето на Пржинската влада, оти, како што рече, таа не си ја изврши функцијата за да може да биде укината.
Посочи дека не планира вечно да биде претседател на Алијанса за Албанците.
„За мене е многу важно мислењето на членството на Алијанса за Албанците и не сакам по секоја цена да бидам претседател на партијата. Јас не бегам од одговорност и јас не креирав партија од нула. Не планирам доживотно да бидам партиски лидер. И во статутот на партијата е јасно наведено дека претседател може да се биде само два мандати, а потоа си заминуваш“, рече Села