Села закажа Собрание на АА, прва точка – Таравари

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, денеска упати покана до членовите на ова партиско тело за присуство на седница која ќе се одржи во сабота во 13 часот во Ресорт Буши во Скопје. Прва точка е извештај на претседателот на партијата, Арбен Таравари во врска со политичките случувања и разговори во пресрет на парламентарните и претседателските избори.

Поканата до медиумите е испратена од официјалниот мејл на Алијанса за Албанците, поканата до членовите на Централното собрание е испратена и потпишана од организацискиот секретар на партијата Исен Шабани, а на документот за одлуката за свикување на состанокот и за дневниот ред стои потписот на претседателот на Централното собрание, Зијадин Села.