Советот на Основниот суд Скопје 1 Скопје по подигнување на обвинение против лицата за кои се води постапка во врска со настаните од 27-ми април по принцип на селективна метода од само нему познати причини го враќа Митко Чавков и уште неколку лица во притвор, тврди одбраната на поранешниот министер за внатрешни работи и директорј на Бирото за јавна безбеедност.
Чавков неколку дена веќе штрајкува со глад во истражниот затвор во Шутка, откако по неполни 24 часа минати во домашен притвор, заедно со уште четворица поранешни началници во МВР, во вторникот половина час по полноќ, беа уапсени и вратени во притвор по барање на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал. Иако највисокиот Врховен суд, мерката им ја замени со куќен притвор, сепак, Кривичниот совет на скопска единица, како што велат адвокатите на притворените, направи правен преседан и петтемина поранешни припадници на МВР ги врати во затворот во Шутка.
Како што посочуваат адвокатите, доколку со обвинението на сите наведени лица во својство на обвинети им се става на товар исто кривично дело, тоа би значело дека Обвинителството сите учесници во настаните генерално ги опфаќа и им става на товар исто кривично дело и иста одговорност, без дистинкција на поединечно противправно преземени дејствија.
„И тоа им е малку и не е сѐ. Понатаму Основниот суд Скопје 1 Скопје, поточно Кривичниот совет продолжува со дрска манипулација и по принцип на селективна метода на само неколку обвинети им ја враќа мерката ефективен притвор како средство за изживување, бидејќи без никакви аргументи потенцира дека постои страв од бегство конкретно на Митко Чавков“, велат неговиете адвокати.
Првостепениот суд, како што велат натаму, слепо и без никаква законски основа менува куќен во ефективен притвор, што за бранителите на Чавко е фрапантно. Притоа посочуваато дека Судот ги пренебрегнува аргументите и тврдењата на двојно повисоката истанца, односно највисокиот Врховен суд кој пред само еден ден донел одлука ефективниот притвор да им се замени со куќен.
„Ваквото однесување на членовите на Советот на Основниот суд Скопје 1 Скопје се докажа со повторното враќање во притвор на Митко Чавков и останатите лица. Бескрупулозноста во одлучувањето ја потенцираат со самоволниот избор кои лица ке ги вратат во притвор“, додаваат адвокатите
Тие прашуваат: што можело да се промени за едно деноноќие за да го вратат во притвор Митко Чавков?,
Судиите на Врховен суд тврдат согласно законските императиви дека ефективниот притвор на Митко Чавков треба да биде заменет со куќен притвор, за да после 24 часа членовите на Советот на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесат спротивно решение и го вратат во притвор . Многу провидна, тенденциозна, злонамерна и малициозна одлука, оценуваат адвокатите.
Одбраната на осомничениот тврди дека „без ни малку совест“ судот медиумски дава изјави за наводниот основ за страв од бегство на Чавков, обидувајќи се неосновано да го поврзат тоа со неговата адреса на живеење, иако биле известени за настаната промена на адресата на Митко која настанала во времето додека тој се наоѓал во притвор.
Појаснуваат дека дури и самиот Чавков веднаш се јавил во полициска станица и известил на која адреса се наоѓа.
„Истакнуваме дека последниот пат полицијата го привела Митко Чавков од истата адреса на која го привела и првиот пат односно на онаа адреса на која му живее целото семејство по добивање на решение за иселување од службениот стан за кое што јавноста беше запознаена преку медиумите за време на селидбата, што ја искористија како прилика за изживување, објавувајќи слики од начинот на селидбата на семејството Чавкови. Станот на адресата на живеење евидентирана во личната карта на Митко Чавков, е празен и во државна сопственост, напуштен од семејството Чавкови со последно дејствие примопредавање за кое што државните органи И ТЕ КАКО ИМААТ СОЗНАНИЕ! МИТКО ЧАВКОВ ЗА ВРЕМЕ НА ИЗДРЖУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНАТА МЕРКА ПРИТВОР ФИЗИЧКИ НЕ БЕШЕ ВО МОЖНОСТ ДА ИЗВРШИ ПРОМЕНА НА ЛИЧНА КАРТА БИДЕЈКИ БЕШЕ ЛИШЕН ОД СЛОБОДА“, велат.
Дека обвинителството знаело каде се наоѓал Чавков, посочуваат, оти може да се види и од потврдата во прилогот, која е потврда од претходното продолжување на притворот на Чавков, пред истиот да биде преиначен. Од тука, според нив, јасно се гледа дека не станува збор за промена на адресата за која обвинителството не знаело.