Селекторот Јанев го објави списокот на ракометарки за Мундијалот во Скопје (ФОТО)

Селекторот на женската младинска ракометна репрезентација, Дарко Јанев, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за Светското првенство (СП) кое ќе се одржи во периодот од 19 до 30 јуни во Скопје.

Меѓу повиканите се 20 ракометарки, а две од нив се интернационалки, тоа се Сара Стефаноска од српска Јагодина и Ива Младеновска од француски Брест. Останатите доаѓаат од домашното првенство.