Натпреварот, кој започнува во 20:45 часот а ќе се игра на националната арена “Филип Втори”, е меч во рамките на квалификациите за ЕП 2016.
Овој дуел ќе биде шанса и за повратниците во репрезентација, Давид Бабунски и Даниел Георгиевски, да си ја зацврстат својата позиција во тимот и за наредните натпревари од групата. Ова особено важи за Давид Бабунски, кој импресионираше на натпреварите за младата репрезентација, па сега повторно ќе има прилика да покаже дека е материјал и за А-селекцијата.
„Го следев настапот на Бабунски со Романија каде одигра квалитетно и овој повик е награда сигурно за тоа издание. За него не треба да се трошат зборови дека е огромен потенцијал од кого многу очекуваме во иднина. Георгиевски игра стандардно во Мелбурн, гледам дека игра на левата бековска позиција и сигурно ќе ни биде од корист“ – истакна на прес-конференцијата Ѓуровски.