Селекторот Магдинчев обелодени кои ракометарки се повикани во поширокиот список

Во пресрет на двомечот против селекцијата на Италија на 9-ти и 12-ти октомври, во рамките од првата фаза од квалификациите за СП 2015 година, селекторот Ристо Магдинчев го објави списокот на ракометарки, вкупно 28 на број. Сепак, предводникот на националниот тим дополнително ќе одлучи кои од нив ќе влезат на оној скратен список.

Нашата репрезентација се наоѓа во група со Италија и Исланд, а само првопласираната селекција ќе го продолжи настапот во следната фаза од квалификациите.

Потоа следи двомечот со Исланд, „црвено-жолтите“ на 3 декември гостуваат во Рејкјавик, а клучниот натпревар од квалификациите македонските репрезентативки го играат на 6 декември, на домашен терен против Исланѓанките.

ГОЛМАНИ:

1. Антиќ Наташа ЖРК МЕТАЛУРГ
2. Дурланова Сандра ЖРК МЕТАЛУРГ
3. Петковска Драгана ЖРК ВАРДАР СЦБТ
4. Зафирова Ивана КХФ КАСТРИОТИ-КОСОВО

КРИЛА:

5. Саздовска Јована ЖРК МЕТАЛУРГ
6. Митрова Драгица ЖРК МЕТАЛУРГ
7. Николовска Симона ЖРК МЕТАЛУРГ
8. Ристовска Сара ЖРК МЕТАЛУРГ

БЕКОВИ:

9. Ливриниќ Елена ЖРК МЕТАЛУРГ
10. Јовановска Дајана ЖРК МЕТАЛУРГ
11. Керамитчиева Теа ЖРК МЕТАЛУРГ
12. Саздовски Ивана РК КОБЛЕНЦ- ГЕРМАНИЈА
13. Белеска Андреа ЖРК МЕТАЛУРГ
14. Величковска Габриела ЖРК МЕТАЛУРГ
15. Ѓорѓиевска Душица МУРАТ ПАША БЕЛ -ТУРЦИЈА
16. Гроздановска Симона ПАОК САЛОНИКА- ГРЦИЈА
17. Митова Сара ЖРК ВАРДАР СЦБТ
18. Ивановска Маја ЖРК МЕТАЛУРГ
19. Стојановска Симона ЖРК ВАРДАР СЦБТ
20. Тодоровска Ангела ЖРК ВАРДАР СЦБТ
21. Десподовска Зорица МУРАТ ПАША БЕЛ-ТУРЦИЈА
22. Стериова Марија РК ИПРЕС ВАЦ- УНГАРИЈА
23. Белма Беба ПДО ЈОМИ САЛЕРНО- ИТАЛИЈА
24. Ѓорѓијевска Елена РК БАЈА МАРЕ-РОМАНИЈА

ПИКЕРИ:

25. Мечевска Робертина РК АНКАРА 1910 – ТУРЦИЈА
26. Илкова Ленче РК УСКУДАР БСК –ТУРЦИЈА
27. Николиќ Марија ЖРК МЕТАЛУРГ
28. Гакидова Ивана ЖРК ВАРДАР СЦБТ