Селфи од новите соби во „Гоце Делчев“. Ова е најновиот хит што ги преплави социјалните мрежи.
Првите студенти кои се вселија во реновираното крило Б на студентскиот дом „Гоце Делчев“ побрзаа да се пофалат на социјалните мрежи.
Покрај оние што во моментов живеат таму, новото лице на „Гоце Делчев“ го фалат и oние кои некогаш поминале дел од својот студентски живот во домот.
Сите се задоволни затоа што по неколку децении Студентскиот дом кој беше оставен во речиси потполн заборав, дојде на дневен ред и едно негово крило е комплетно реновирано.
Според информациите од Министерството за образование, „на брза лента“ е ставена процедурата за започнување на реновирањето и на останатите три блока, кое е предвидено да заврши во 2017 година.
Неодамна владата најави и изградба на комплетно нов студентски дом во Скопје кој ќе вдоми до 1.000 студенти од внатрешноста.