Селфито значи психичко нарушување на личноста

Американската асоцијација на психијатрии официјално потврди дека константното правење на фотографии од себе, уште познато и како селфи, е психичко нарушување.

Ваквото нарушување се нарекува селфитис и се дефинира како опсесивно- компулсивна потреба да се прават селфи фотографии и истите да се ставаат на социјалните медиуми како начин за компензација на недостатокот од самодоверба и задоволување на потребата да им се допадне на другите.

1) Рана фаза на селфитис: се фотографирате себе си најмалку три пати на ден, но фотографиите не ги објавувате на социјалните мрежи.

2) Остар селфитис: се фотографирате себе си најмалку три пати на ден и сите фотографии ги објавувате на социјалните мрежи.

3) Хроничен селфитис: неконтролирана желба да се фотографирате деноноќно и да ги објавувате сите направени фотографии на социјалните мрежи повеќе од шест пати на ден.

Експерите велат дека објавувањето на селфи фотографии додека вежбате фитнес или додека трчате е нарцизам.