Актерката Селма Хајек откри која „тајна состојка“ е одговорна за нејзиниот младешки и беспрекорен изглед.
-Користам екстракт од кората на дрвото tepezcohuite, кое се користи во Мексико за лекување на изгореници, бидејќи целосно ја обновува кожата. Никој не го користи во САД, изјавила таа за магазинот Elle.
Додаде дека го донела во лабораторија во Америка и дека истражувачите биле изненадени од позитивните резултати.
-Се запрашаа како е можно никој да не го користи. Благодарение на овој екстракт немам потреба од ботокс или филери, вели таа.
Секако, Селма секогаш воодушевува со фотографии од црвениот тепих каде изгледа совршено. Нејзините обожаватели и велат дека е речиси невозможно да се поверува дека има 56 години.
Покрај тоа, оваа прекрасна актерка нема проблем да се појави во јавноста без шминка, за разлика од многу други познати личности.