Село во БиХ забрани влез на политичари пред изборите

Нè лажете со години. Ниту една партија не е добредојдена“, „Прочитавте ли, на народот му е доста“, стои на транспарентите кои се постравени на плоштадот во селото Подгора во Босна и Херцеговина, во пресрет на општите избори во државата кои треба да се одржат во недела, објави Франс-прес.

Селото со 700 жители се наоѓа недалеку од Сараево и го отсликува општото незадоволство од политичарите.