Во претпоследното коло од шпанското фудбалско првенство Реал Мадрид во саботата вечерта ја демолираше Селта со 6:90.
Герет Бејл, во отсуство на Кристијано Роналдо, беше стрелец на првите два погодока, во 16 и во 30 минута, а потоа стрелци за „мадридските кралеви“ беа Иско во 32, Ашраф Хаикими во 52, Дњерхи Гомез постигна автогол во 74 и Тони Крос во 81 минута.
Валенсија кај Гирона славеше со голот на Вието во 61 минута и осигури пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Вилјареал на домашен терен го совлада со 4:2 Депортиво од Ла Коруња, а во градското дерби Бетс на својот стадион против Севилја одигра 2;2, па Вилјареал и Бетси се пласираа за Европската лига.
Атлетико Мадрид со 1:0, со раниот гол во 8 минута на Коке, беше подобар на гости кај Хетафе, па ја одржа предноста од три бода пред третиот Реал Мадрид. Барселона уште од поодамна ја обезбеди шампионската титула и во моментов има 12 бодови предност пред Атлетико со меч помалку.
Лас Паламс, кој од претходно испадна во втората лига, загуби од Еибар со 0:1, а Реал Сосиедад со 3:2 го совлада дома Леганес.