Селтик поразен по 69 натпревари

Неверојатната серија без пораз на шкотскиот шампион Селтик од 69 натпревари е прекината во неделата со поразот кај Хартс од 0:4.

Селтик минатата година стана првата екипа којашто остана непоразена во текот на целото првенство, а во текот на двете сезони не ја почувствуваа горчината на поразот на 69 натпревари во првенството, националните куп и лигакупа натпревари.

Последен пат Селтик загуби во мај 2016 година од Сент Џонстон со 1:2. Меѓутоа серијата е прекината Единбург, каде што петопласираниот Хартс го декласираше шампионот со 4:0.

Селтик и натаму е во водство, но сега само со два бода предност повеќе од Абердин.

Инаку, според УЕФА, европски рекордер според серија од натпревари без пораз е букурештанска Стеауа, којашто дури на 104 натпревари не била поразена, а пота следи клубот од Гибралтар, Лонколн Ред Импс со 88 дуели на кој не бил поразен.