На 30.03.2022 во 18:35 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Р.Д.(40) од Скопје пријавила дека околу 16:30 часот во дворот од нејзината куќа, нивните роднини Е.Д., Н.Д., Н.М., Џ.Д. и Ш.К. физички ја нападнале неа, при што употребиле и тврди предмети.
Според пријавата, роднините физички ги нападнале и нејзините деца.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.