На 24.02.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје, Е.Р.(21) од с.Љуботен, скопско, пријавил дека околу 12.30 часот во с.Љуботен, тој и А.Ј.(21) од истото село, поради нерасчистени семејни односи, биле физички нападнати од Б.А. и уште неколку други лица.
Според пријавеното, лицата употребиле тврди и остри предмети, а Б.А. им се заканил со пиштол.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.