Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во гостувањето на „Што не е јасно“ на Алфа ТВ каде што дебатираше со Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт, објави скандал за фамилијата на Каевски, односно како нивната семејна фирма, „Гео Каевски“ добива тендери од Општина Кисела Вода и Општина Велес.
„Конкретно да ве прашам, во вашето CV Стои дека како млад економист ја започнувате кариерата во 2012 во Геодетско друштво, претпоставуваме дека е геодетското „Гео Каевски“, истото геодетско друштво кое што верувам дека е на вашите родители и кое добива тендери од Општина Кисела Вода, каде што градоначалник важи за ваш близок пријател“, вели Арсовски.
Тој во документот кој го прикажа пред камерите на Алфа ТВ посочи дека фирмата на Каевски добила 2 милиони денари само во Кисела Вода, додека пак фирмата од 2017 до 2018 има пораст од неверојатни 317%.
„Ми кажувате дека работиме на повисок стандард за младите, дали ова не е лицемерно. Ќе ми кажете дека работиме на стимулирање на компаниите? 2017 година Водовод и Канализација, Агенција за планирање на простор Општина Велес, Агенција за катастар Општина Кисела Вода, Општина Велес. 17 јануари 2018 година, 10 јули 2018 година, 26 септември 2018 година. Не е ова доблесна политика каде што се обидувате лицемерно да кажете дека работите на подобрување на стандард. Подобрување на стандардот не значи исти лаги“, посочи Арсовски.
Целата емисија можете да ја погледнете во видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=qxliQFZqQ4M